Езерото Морнинг Глори во американскиот национален парк Јелоустон е голема атракција за туристите, а неговиот изглед во последно време драстично бил изменет. Пред неколку години езерото било со интензивно сина боја, а моментално има темнозелена нијанса, додека земјата околу него е со жолта и црвена боја.
Туристите со децении фрлале монети за среќа во езерото, па тие ги затнале отворите низ кои во езерото доаѓала топлината. Поради тоа температурата во езерото опаднала, а хемикалиите во монетите предизвикале појавување на бактерии. Бактериите после некое време угинал и создале црвен прстен околу езерото, додека водата станала зеленкаста.