По завршувањето на евро приказната, охридскиот Амак Сп своите погледи ги насочува кон националното првенство. Вечерва охриѓани гостуваат во “Градски Парк“ во Скопје кај лидерот и единствената непоразена екипа во првенството Ф. Работнички.

Фаворитската улога капитенот на Амак СП му ја препушта на “шпедитерите“ но истакнува дека не` патуваат во Скопје со бело знаме.

Патуваме во Скопје, да се обидеме да им го нанесме првитот пораз сезонава. Работнички е силен тим, но ние имаме свои адути -вели Богоев.

Богоев мината сезона ја предводеше екипата на Струмица до второто коло во Фиба купот, а оваа пак екипата на Амак. Охриѓани по солидната престава во европкуповите и пласманот во второто коло, во националното првенстово имаат само еден пораз на своето конто и тоа онај од Фени Инд, натпревар кој дојде во лош момент за “езерџиите“.

Достојно се преставивме во Европа, но сега сето тоа е зад нас и ние мора да гледаме напред. Во натпреварот против лидерот мора да влеземе максимално концентрирани во одбраната и без избрзани шутеви во нападот – завршува Богоев.

Покрај натпреварот Работнички – Амак СП, уште играат Фени И. – Вардар 2000, МЗТ – Овче Поле, Торус – С. Пелистер, К. Соколи – Поп Спорт.

М.П.