Во петте меѓусебни средби сезонава кои се одиграа во „Билјанини извори“, секогаш победуваа „езерџиите“. Од друга страна, за МЗТ не е ништо ново да го изненадува Амак во четврт-финалето, бидејќи тоа се случи лани во плејофот.
Амак го загуби единствениот меч на кој не можеше да смета на американското крило Џарид Фрај кој си замина.
Тимот што ќе се пласира во полуфиналето, ќе налета на првакот Фени Индустри кој ќе стартува со предност од 1-0 во победи без разлика ќе му се спротивстави Амак или МЗТ.
Судии на вечерашниот двобој ќе бидат Стојовски, Златевски и Денковски.