Македонскиот Ол стар натпревар ќе се игра во сабота (24 јануари) во 17:30 часот, во салата “Цар Самоил” во Свети Николе.

Тренерот на охридскиот Амак Сп Марјан Лазовски ќе го води белиот тим. покрај лазовскиАмак Сп ќе биде застапен уште со четворица кошаркари. Браќата Дамјан и Војдан Стојаноски, потоа Џарид Фрај и Мирислав Чубрило ќе настапат на Ол Стар мечот.


ЗЕЛЕНА ЕКИПА

Тренери: Марин Докузовски (Фершпед Работнички), Ангел Љутков (Овче поле)

Прва петорка: Врбица Стефанов, Горан Самарџиев (Фени индустри), Војдан Стојановски (Амак СП), Александар Димитровски, Тони Симиќ (Фершпед Работнички)

Резерви: Џерид Фрај (Амак СП), Милан Миљковиќ (Свислион Пелистер), Трајче Караџов, Небојша Ристиќ (Овче поле), Марјан Ѓуров (Фени индустри), Марко Симоновски (Вардар), Бојан Трајковски (Фершпед Работнички)

БЕЛА ЕКИПА

Тренери: Емил Рајковиќ (Фени индустри), Марјан Лазовски (Амак СП)

Прва петорка: Талик Браун (Фени Индустри), Огнен Стојановски, Диме Тасовски (Фершпед Работнички), Доналд Кол, Златко Гоцевски (Фени индустри)

Резерви: Дарко Соколов (МЗТ Скопје), Александар Костоски, Кирил Николовски (Вардар), Ефтим Богоев, Дамјан Стојановски, Мирослав Чубрило (Амак СП), Слободан Михајловски (Овче поле)

Натпревар во Тројки (Секој по 25 шутеви, двајца во финале)
Милан Прековиќ, Диме Тасовски, Војдан Стојановски, Марко Симоновски, Тони Симиќ, Александар Димитровски, Александар Костоски, Марјан Младеновиќ.

Натпревар во Забивање (Секој по два обида, финале двајвата најдобри по едно забивање)
Слободан Михајловски, Петар Апцев, Бојан Крстевски, Владимир Брчков, Христијан Ристов.

Hа полувреме од овој кошаркарски спектакл ќе се одржи свечено прогласување на најдобрите кошаркари, кошаркарки и тренери во машка и женска конкуренција за изминатата година.

ohridnews