Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс со посебни дресови во чест на прерано починатата супер ѕвезда Коби Брајант ќе тргнат во лов на титулата во НБА лигата. „Езерџиите“ имаат водство 3-1 и во петтиот дуел ја имаат првата меч топка за титулата. Името на Коби Брајант на дресовите сигурно ќе биде дополнителна мотивација за Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и останатите играчи.
Главниот збор околу дизајнот на дресовите го имаа челниците на НБА лигата и сопругата на Коби, Ванеса која самата објави на социјалните мрежи.
Петтиот натпревар од финалната серија помеу ЛА Лејкерс – Мајами се игра петок спрема сабота во 3 часот по полноќ.
Коби Брајант почина оваа година во хеликоптерска несреќа во која животот го загубија неговата ќерка Џана и уште седум други кои беа во хеликоптерот.
OhridNews