Плажа - ресторан „Бонанца“
Од 06.08.2021 - 20:30 до 29.07.2021 - 23:59
Охриѓанецот кој го освои светот, гитарист, вокалист и композитор Владимир Василески Четкар на 6ти август во плажа ресторанот „Бонанца“, ќе го одржи долго очекуваниот летен концерт.
Џез, Соул и Фанк на зајдисонце со Владимир Четкар Секстет и вината на Monastery Winery на прекрасната плажа – ресторан Бонанца“ на брегот на Охридското Езеро, во населбата Св. Стефан, стои во најавата за концертот.
Полниот состав на Владимир Четкар Секстет ќе настапи на овој концерт.
Покрај вокалистот и гитарист Владимир Четкар, секстетот го сочинуваат: Сенад Усеин на труба, Борислав Веселинов-тенор саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Бас Гитара свири Џоле Максимовски, а на тапани е Дино Милосављевиќ.
Сите кои се желни за добар звук, искрена емоција и енергичните тонови од гитарата на македонскиот музички амбасадор, ќе можe да уживаат во волшебната атмосфера на плажа- ресторанот „Бонанца“.
Влезниците за настанот чинат од 500/ 800 денари, а бројот публика е ограничен поради пандемијата од Ковид-19.
Почетокот на концертот е закажан за 20:30 часот, а влезот еден час порано, во 19:30.
ОhridNews