Зголемената достапност на храната во две третини од земјите e поврзанa со зголемување на зачестеноста на дебелеење, заклучија научниците.
Храната е неопходна за преживување, но преголемата достапност на храна во повеќето земји предизвикува епидемија на дебелеење, заклучиле научници од Нов Зеланд.
Се разбира, не се работи за тоа дека храна би требало да има помалку или потешко да се доаѓа до неа, туку проблемот го предизвикува се поголемото производство на евтина храна преполна со калории и штетни состојки кои ја олеснуваат појавата на дебелина.
Ништо помалку лошо не прават и рекламите за таа иста храна со која не бомбардираат од сите страни, па не не чуди дека повеќето луѓе во продавниците се токму кај полиците каде што се продаваат такви намирници.
Експертите тврдат дека Владата има одговорност со имплементирање на мерки кои ќе резултираат со поздраво снабдување на храна и последично ќе го редуцира уделот на луѓе со прекумерна тежина во популацијата.
Инаку, резултатите од тоа истражување се темелат на анализа на податоци собрани во 69 земји од различен степен на развој.
Bulletin of the World Health Organization пишува дека од 1980 година процентот на мажи со вишок на килограми се зголемил од 29% на 37%, а жените со вишок на килограми од 30% на 38%.
Паралелно е забележано зголемување на енергетската вредност на храната на пазарот за 81%.
извор:metro-portal.hr