Британски младенци го прославиле својот најсреќен ден без страв дека ќе се задолжат. Одета Фенвик (19) и Крис Меј (21) ја платиле свадбата во северен Девон само 700 евра.

Невестата купила венчаница за 60 евра на  e-bay, а младоженецот изнајмил смокинг за 130 евра. Ги размениле заветите и прстените на цивилна церемонија во Барнстејпл која чинела 30 евра. Останатите свадбени потреби ги набавиле преку интернет и добротворни друштва. Со 20-тина гости славеле во шатори.

-Парите не можат да ја купат среќата-изјавил Крис.