Организаторите на Евровизија објавија дека правилата на овој натпревар ќе бидат изменети почнувајќи од наредното издание кое ќе биде одржано во 2014 година.


По прв пат пред започнувањето на настанот ќе бидат познати имињата на членовите на националното жири, а веднаш по финалето ќе бидат објавени гласовите на секој член пединечно.

“Построгите правила и поголемата транспарентност се многу важни за успешноста на Евровизијата. Сакаме учениците и гледачите да знаат дека дадовме се од себе за да осигураме фер натреварување.” изјавил Џон Ола Санд, супервизорот на овој настан.