Курсот на еврото во однос на доларот денеска остана без голема промена во однос на американската валута.

Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт, еврото се задржа на 1,008 долари, што е за 0,006 евра повеќе во однос на нивото пред вчерашното затворање, јавија германските медиуми за финансии.

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера го одреди референтниот курс на еврото на 0,9990 долари, наспроти 0,9954 долари во петокот, објави ЕЦБ на својата веб-страница.

OhridNews