На пазарот на валути, во текот на изминатата недела, еврото достигна наголем раст во последните два месеци, благодарејќи на заслабнатиот долар.
Минатата недела курсот на еврото наспрема доларот се зголеми за 0,7 отсто , на 1,2640 долари, а во петокот во еден момент досегна и 1, 2722 долари, што е највисоко ниво во последните два месеци.
Во однос со јапонската валута-јенот, еврото порасна за 1,5 отсто и достигна вредност од 112 јени.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската наспроти шест други светски валути, во текот на минатата недела подна за 0,8 отсто, на 83, 84 поени и слабее веќе петта недела по ред.
„Дојде до неверојатен пресврт, но продолжението на ваквиот тренд зависи од стравот да не избие нова рецесија со двојно дно во САД“, изјави аналитичарот на „Кредит агрикол на СИБ“ Дараг Маер.
извор: Makfaks