Од годинава за победникот на Евросонг ќе одлучуваат и гласовите од стручно жири. По низата победи на земјите од Источна Европа, е одлучено дека и жири-комисија ќе избира победник.
Многумина имале забелешки што ваквиот начин на гласање не се вовел порано, во времето кога Скандинавците го освојувале ова натпреварување. Иако ќе има жири, нивните гласови нема значително да влијаат на победникот, бидејќи „западњаците“ и понатака ќе гласаат за своите соседи!