Поради неподмирени обврски на српската јавна телевизија РТС спрема Српското здружение за заштита на авторски права (СОКОЈ), европските здруженија за заштита на авторските права (ЦИСАК и ПРА) се обратиле на РТС, но и на Владата на Србија со барање да се реши проблемот, за во спротивно да не бараат од ЕУ-радиотелевизија (ЕБУ), која го организира евровизиското натпреварување Евросонг, организацијата да му ја довери на некој друг јавен сервис, пишува денеска белградскиот „Блиц“.
Во тек е сериозна расправа помеѓу Европското здружение за заштита на авторски права и радиотелевизијата на ЕУ, која го организија евросонг.
Директорот на РТС, Александар Тијаниќ за медиумите изјавил дека тоа е „глупост“.
„Како што СОКОЈ ја пушти таа вест во медиумите, најавувам дека нема да добијат ни динар од РТС. Можат уште веднаш да не тужат, а баш би сакал да видам како мислат да го забранат одржувањето на Евросонг“, рекол Тијаниќ.
Влада Маричиќ, член на управниот одбор на СОКОЈ изјавил дека овој проблем и е однеодамна предочен на Владата на Србија.
Во последните неколку дена, британската авторска агенција ПРА и ЦИСАК сериозно ја притискаат ЕБУ да ја преиспита одлуката за одржување на Евросонг во Белград. Пратено е дури и писмо на председателот Борис Тадиќ да помогне во решавање на проблемот.