Ремито 34-34 помеѓу екипите на Исланд и Норвешка дополнително ја закомпликува и онака тешката позиција на Македонија во пресрет на последните два квалификациски натпревари.
Исланд и Норвешка се наоѓаат на првите две места и имаат по десет бода. Македонија со три бода помалку е на третото место.
До крајот на квалификациите Македонија в среда му гостува на Исланд и само победа не остава во игра зе едно од двете места кои водат во Австрија. Норвежаните сите дилеми околку нивниот пласман може да ги разрешат ако на домашен терен ја совладаат слабата Естонија.
Во последното коло ќе играат Естонија – Исланд, односно Македонија – Норвешка.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com