Викендов Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец – Охрид учествуваше на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „Софија Опен 2022“ во соседна Бугарија. Учество на овај престижен натпревар зедоа 310 натпреварувачи од 48 клубови од 10 земји.
Боите на клубот а воедно и на Македонија ги бранеа тројца натпреварувачи, европските вицешампиони, Давид Крстески, Христијана Парулеска и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, кои не израдуваа со 2 златни и 3 бронзени медали.
Елена Јанеска, која пред неколку дена влезе во повозрасна категорија (јуниорки 16-17 години – 64 кг), иако најмлада во нејзината категорија успеа да освои бронзен медал. На патот до финале и беше запрен од актуелната Европска шампионка во таа категорија Ивет Василева, која воедно и го освои првото место во таа категорија.
Христијана Парулеска се закити со два медала, осовјувајќи златен медал во борби , женски кадети 11-13 години – 45 кг и бронзен медал во форми за црвен појас женски кадети 11-13 години.
Давид Крстески исто така се закити со два медали, осовјувајќи златен медал во борби, јуниори 14-15 години до 60 кг и бронзен медал во форми за црн појас I дан јуниори 14-15 години.
Христијана Парулеска до златото имаше три борби, додека Давид Крстески имаше пет борби, водејќи битка и со судиите, сепак на крајот повторно се искачија највисоко на пиедесталот, информираат од клубот.
После овие историски успеси треба да бидеме горди, што имаме врвни натпреварувачи кои не го користат мотото дека е важно само да се учествува, туку се оди, се дава се од себе и по секоја цена да се победи, за да можеме сите да се радуваме. За сите овие незаборавни моменти и успеси, најзаслужен е нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ“, вели тренерот Марјанчо Лазаревски.
OhridNews