Директорите  на царинските администрации од Европскиот регион во  понеделник и вторник,  во Охрид ќе ја одржат својата годишна Конференција. Темите на овој важен состанок ќе бидат критичните области во царинкото работење, на кои треба да им се посвети особено внимание, а ќе се одлучува и по прашања од регионален интерес. Исто така ќе бидат разгледани и политиките на СЦО, партнерството царина – бизнис, управувањето со ризик, работата на регионалните разузнавачки канцеларии за врски и зајакнувањето на царинските капацитети.

Конференцијата ќе ја отвори потпретседателот на Владата, за економски прашања и Министер за финансии, Зоран Ставрески, а поздравни говори ќе одржат и директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов и потпретседателот на европскиот регион на Светската царинска организација, Ален Бело.

На конференцијата предвидено е да присуствуваат околу 120 делегати .

OhridNews