Европските фудбалски великани Реал Мадрид, Челзи, Манчестер јунајтед и Ливерпул покажуваат голем интерес за услугите на младиот играч за врска на Борусија Дортмунд, Џад Белингам (19).

Според британските и шпанските медиуми, засега во предност е Кралскиот клуб, кој, наводно, веќе една година преговара со бундеслигашот.

Медиумите наведуваат дека преговорите стигнале до „фазата бројки“, а се споменува отштета од 100 милиони евра.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, во младиот Белингам ја гледа последната коцка во својот мозаик на средината на теренот, откако шпанскиот клуб веќе ги ангажираше талентираните француски фудбалери Аурелиен Чуамени (22) и Едуард камавинга (19).

Белингам дојде во Борусија Дортмунд во 2020 година од Бирмингем за 28 милиони евра, а на 102 натпревари во дресот на бундеслигашот постигна 14 голови.

OhridNews