Ракометарите на Еурофарм Работник забележаа сензационална победа во регионалната СЕХА лига совладувајќи го европскиот вицепрвак Веспрем на домашен терен со 26-24 (14-8).

„Фармацевтите“ пред своите гледачи одиграа феноменален натпревар и извојуваа победа за аналите во клупската историја. Да биде куриозитет поголем, Еурофарм Работник остана перфектен после три мечеви во СЕХА лигата и осамна на врвот од табелата.

Добриот почеток на домаќините наговести нешто големо во Битола. Унгарскиот ракометен гигант не очекуваше отворен гард од битолчани кои покажаа дека оние три порази во ЛШ се плод на лоша игра во одредени моменти од натпреварот. На полувремето, битолчани стекнаа предност од шест голови.

Очекувано, Веспрем во второто полувреме се спротистави со сите расположлив средства но домаќините не ги повторија грешките од ЛШ и ја одржаа разликата на семафорот за сензационална победа.

Во составот на Еурофарм најмногу се истакна Јотиќ со осум голови, а Степјановиќ пет пати беше прецизен.