Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека во вторник на 17 октомври ќе се одржи вонреден видео – состанок на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Бруталните терористички напади на Хамас врз Израел минатата сабота доведоа до трагична загуба на над илјада невини израелски цивили. Заложниците мора веднаш да бидат ослободени и без никакви предуслови. Нема оправдување за теророт, се вели во изјавата на Мишел.
Тој додаде дека ЕУ е во целост солидарна со израелскиот народ и со жртвите на терористичките напади и нагласи дека Израел има право да се брани во согласност со меѓународното право.
OhridNews