Охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристевски останаа без настап на Европското првенство во Белорусија.


Првично боксерската федерација на Македонија требаше да испрати три боксери на ЕП од кои двајца беа охриѓаните Лескароски и Ристевски, а третиот беше стружанецот Фатлум Жута.

Федерација ги известила охриѓаните дека немаат доволно финансиски средства и ќе мора да останат во своите домови, а на континенталниот собир Македонија отиде со еден единствен боксер.

Во Охрид и Македонија време е за големи промени во спортот, а посебно во оние “малите“ кои носат големи успеси, а ги занемаруваме.

Секој спортист на стартот од својата кариера сонува за настап за својата земја на натпреварување како што е Европско, Светско првенство или пак Олимпијада, а тој сон станува кошмар поради немањето финансиски средства и неодговорно работење на федерациите.

Михаил Постоловски