Ракометниот клуб Охрид во првата рунда од плејофот силите ќе ги одмери со Вардар, кој е актуелен европски шампион и бранител на титулата во Супер лигата.
„Гладијаторите“ втор пат на стартот од плејофот ќе се сретнат со „црвено црните“, откако нивната средба означи почеток на возбудувањата пред две сезони.
Во првата рунда покрај Охрид – Вардар ќе се сретнат Еурофарм Работник – Пелистер односно Металург – Пролет.
Натпреварите од плејофот и плејаутот во Супер лигата започнуваат на 24-март.
OhridNews