Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и третиот пораз во подготовките за ЕП кое во септември ќе се игра во Полска.

Поуспешни од избраниците на Јовица Арсиќ беа актуелните континетални прваци, селекцијата на Русија со 74—67.

Повторно најефикасен во нашиот состав беше капитенот Стефанов кој уфрли 20 поени, додека Самарџиски постигна 17 а Мејси 15 поени.

По натпреварите во Крањска Гора , македонските репрезентативци в петок доаѓаат во Охрид каде викендов ќе одиграат две контролни средби со селекцијата на Словачка.

М.П.