Мечот од 1/16 финалето во Лигата на Европа, Челси – Спарта Прага е новиот предизвик за македонските судии на чело со Александар Ставрев.

Ставрев заедно со Марјан Кировски, Димитар Мечкаровски, Дејан Јакимовски, Душко Милошевски и Дејан Костадиновски ќе је далат правдата на Стемфорд Бриџ. Сезонава скопскиот судија Ставрев позади неговото име има отсудено три натпревари во Лигата Шампиони.

На завршната церомонија на Фудбалската федерација на Македонија, Александар Ставрев ја доби награта за најдобар судија во нашата земја. Натпреварот од Лигата Европа е прв интернационален предизвик за Ставрев во новата година.

Мх.П.