Како што објавија националните медиуми, пратениците во Европскиот парламент Иво Вајлг, Едвард Кукан и Ричард Ховит потврдиле дека во понеделник во Брисел ќе се одржи првиот состанок со претставниците на владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ, за надминување на политичката криза во Македонија.

Според најавата, европратениците ќе имаат улогата на олеснувачи на средбата, која ќе се одвива зад затворени врати.

Според неофицијални информации, ВМРО-ДПМНЕ треба да ја застапува министерот за надворешни работи Никола Попоски, додека СДСМ ќе ја претставува потпреседателката на партијата Радмила Шеќеринска. Од двете партии засега нема официјална потврда.

Европските пратеници се надеваат дека состанокот ќе биде успешен и дека ќе овозможи следните средби да се одржат во Скопје, но со присуство на европските пратеници.

OhridNews