Во резолуцијата се повикува Европскиот Совет да одреди датум за старт на пристапните преговори со земјата. Истовремено, се изразува охрабрување за Македонија и Грција да изнајдат решение на проблемот со името што ќе ги задоволи двете страни. Европратениците од Македонија, исто така, бараат продолжување на реформските процеси.
Резолуцијата е изготвена од доскорешниот словенечки европратеник Зоран Талер, кој поднесе оставка поради вмешаност во корупциски скандал. Содржината на извештајот вчера попладне пред парламентот ја бранеше новиот известувач за Македонија, Кристијан Вигенин.
извор: Makfaks