Eвропскиот парламент денеска на пленарна сесија треба да даде зелено светло на словенечкиот предлог за укинување на шенген визите за Македонија, за Србија и за Црна Гора уште од 19 декември годинава.

Словенија очекува Европскиот парламент ќе го усвои Извештајот заедно со предлогот нејзиниот предлог – шенген визите за трите земји да бидат укинати на 19 декември годинава наместо на 1 јануари 2010 како што предложи Европската комисија.

Извештајот на словенечката европарламентарка за укинување на визниот режим за државите од Западен Балкан, минатиот месец беше одобрен од Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи, а претходно и од Комитетот за надворешна политика.

Конечната одлука за симнувањето на шенгенската визна бариера за Македонија, за Србија и за Црна Гора треба да ја донесе Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ на 30 ноември или на 1 декември.

Ohridnews