Eвропскиот куп во параглајдинг PGAEC OHRID 2022 ќе се одржи од 28 април до 1 мај во Охрид во огранизација на Воздухопловна федерација на Македонија и клубот „Fly Ohrid“, а под покровителство на Општина Охрид.
На натпреварот се очекува да земат учество натпреварувачи од 15 земји кои ќе се натпреваруваат во дисциплината прецизно слетување. Натпреварувачите ќе полетуваат од полетувалиштето во Велестово, а ќе слетуваат на стадионот Билјанини извори, велат организаторите.
Воедно ги охрабруваат сите граѓани на Охрид и потенцијалните туристи кои ќе бидат во Охрид за време од Велиденските и Првомајските празници да го посетат настанот и да уживаат во вештините што ќе ни ги покажат параглајдеристите.
Најавена е и добра забава на која со свои DJ сетови ќе се претстават во петок – DJ Tommy Dread, во сабота – DJ Vera Jankovich и во недела – DJ Alexandar.
OhridNews