Овој ден е востановен од Советот на Европа, а е посветен на зачувување и зајакнување на јазичната и културната различност во Европа и светот. Оваа година се одбележува 10 годишнина од прославувањето на Европскиот ден на јазиците во 47те земји членки на Советот на Европа.
Централната манфестација по повод Европскиот ден на јазиците ќе се одржи во Скопје, а со пригодна свеченост овој ден ќе се одбележи и во Стругa во ОУ „Браќа Миладиновци“ со почеток во 11 часот. На присутните ќе им се обрати Александра Поповски Голубовиќ, Генерален секретар на ЕЛТАМ – Асоцијација на наставници по англиски јазик и книжевност на РМ, како и членови на локална самоуправа. Ќе бидат доделени наградите од ликовниот конкурс што го распиша Британскиот Совет кој организира и работилница на која ќе учествуваат 30 ученици од основните училишта во Струга.
Прославата на Европскиот ден на јазиците во Македонија ја организара ЕЛТАМ со поддршка од Британски совет Скопје.