Tројца македонски натпреварувачи eвропски вицешампиони во таеквондо. Во Пореч, Хрватска од 25 март -02 април 2022 се одржа Европско Таеквондо ИТФ првенство, каде учество зеде и нашата држава под водство на Марјанчо Лазаревски, поранешен светски вицешампион, носител на црн појас V дан, претседател на Таеквондо ИТФ на Македонија.

Боите на Македонија ги бранеа пет натпреварувачи кои го направија најголемиот успех во индивидуалните спортови во историјата на Македонскиот спорт, испишаа нова историја, ново поглавје, поставувајќи нови критериуми, со што докажаа дека не е битно само да се учествува, да се биде аутсајдер, туку се оди се срце и душа да се победи по секоја цена, да се претстави нашата држава во најубаво светло, да се развее нашето знаме на пиедесталот рамо до рамо со најјаките репрезентации. На ова Европско првенство знамето на Македонија се вееше три пати, што досега не е случено во ниту еден спорт да биде три пати развиорено знамето само од петмина натпреварувачи, вели Лазаревски.

Ниту еден наш натпреварувач, вели Лазаревски, не беше елиминиран во прв круг, иако долго време поради пандемијата немавме натпревари. Биле скептични, со скриен страв од пораз во прв круг на сите натпреварувачи, но веруваале во нивните избраници, познавајќи го нивниот историјат и спортски дух, во нив имала искра надеж дека можат повеќе.

Мразот го скрши најмладата наша натпреварувачка 12 годишната Христијана Парулеска, која се натпреваруваше во категорија кадети-девојчиња 12-13 години, спаринг(борби) -45 кг. На патот до пиедесталот прво беше победена доминантно претставничката на Шпанија, а во полуфиналето истотака доминираше над претставничката од Италија, додека во финалето загуби тесно од претставничката на Украина, со што се закити со сребен медал, а со тоа стана намладото девојче во Македонија што има освоено медал од Европско првенство, вели Лазаревски.

После неа следел настапот на еден од најтрофејни натпреварувачи Давид Крстески, кој е првото дете од Македонија што има освоено медал од Европско првенство Римини, Италија 2019 година, а на ова Европско првенство бил во повозрасна категорија јуниори 14-15 години, спаринг (борби) -55 кг.

Крстески во стилот на најголемите мајстори имаше четири победи до финале, атрактивно победувајќи го во првата борба претставникот на Англија. После него исто така маестрално беше совладан претставникот на Чешка, додека во третата борба беше совладан атрактивниот претствникот на Грција. Во полуфинале повтроно се најде со вториот претставник на Чешка кој исто така беше лесно совладан, но нашиот натпреварувач се здоби со повреда, која за жал му одмогна во финалето против вториот претставник на Грција, кој победи со многу мала разлика. Со ова нашиот претставник се закити со сребрен медал. Крстески постави нов рекорд во Македонија, вели Лазаревски.

Елена Јанеска како третиот наш натпреварувач, една од најтрофејни натпреварувачи се натпреварувала во категоријата јуниорки 14-15 години, спаринг (борби) -65 кг.

Во првата борба ја порази претставничката на БиХ, а одма после 2 минути пауза продолжи втората борба против претставничката на Хрватска, која влезе свежа одморена, но за нашата Елена не беше тоа проблем, издржа даде се од себе и ја победи домаќинката, додека во полуфинале влезе со претставничката на Грција, која лесно беше совладана. Во финалето Јанеска се најде со втората претставничка од Грција. Го даде својот максимум но, за жал ја победија судиите и се закити со сребрен медал. Јанеска со својот успех се приклучи на рекордот на 3 освоени вицешамшионски места на едно Европско првенство за нашата држава.

Давид Велковски кој влезе во сениори во категорија спаринг(борби) -71 кг, во групи имал три борби. Првата борба победил против претставникот на Бугарија кој е долгогодишен репрезентативец и искусен борец, додека втората бил видно оштетен од страна на судиите и загубил против претставникот на Грција, Третата борба ја загубил од претствникот на Чешка во последните секунди од борбата.

Божидар Димитриевиќ кој пред само 2-3 месеци е влезен во сениори во категорија спаринг(борби) -85 кг, во групи имал три борби. Првата борба победил против претставникот на БиХ, додека во втората бил повреден и загубил од претставникот на Грција, а третата во неизвесна борба загубил и од претставникот на Хрватска.

Димитриевиќ и Велковски се прилучија на рекордот, така што сите натпреварувачи на Македонија на едно Европско првенство не загубија ниту еден во првиот круг.

Ова се Историски рекорди, кои во иднина тешко дека ќе можеме некогаш да ги направиме дали ние или некој друг индивидуален спорт во Македонија, со ова се поставија нови критериуми за учество на врни натпреварувања, а воедно докажаа дека иако малкубројни, може да се постигне успех со што Македонија беше рангирана на високо 16 место во Европа, потенцира Лазаревски.

За овие историски успеси на Македонскиот спорт, и за Таеквондо ИТФ на Македонија е најзаслужен генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, додава Лазаревски, кој и овај пат им овозможи да учествуват на ова врвно натпреваруање и да ги постигнат овие врвни резултати.

На ова Европско првенство учествувааа над 850 натпреварувачи од 24 земји.

 

OhridNews