Европскиот куп во далечинско пливање во олимписка дисциплина 10 километри денес попладне ќе се одржи во Охрид.
На стартот пред „Хотел Метропол“ во водите на Охридското Езеро ќе влезат 33 пливачи од 14 земји учеснички. Од земјата домаќин учество ќе земат шест пливачи. Стартот е закажан за 15:30 минути кога официјално за отворена трката ќе ја прогласи премиерот Зоран Заев.
Европскиот куп во далечинско пливање е дел од Европската пливачка федерација- ЛЕН.
OhridNews