Австрија и девет источноевропски и балкански држави повикуваат за усвојување декларација на ЕУ со која ќе се одобри користење на воени авиони за депортирање на мигранти кои немаат шанси за азил или чии барања за таков статус биле одбиени, објави „МИА“.
Австриски медиуми објавија дека вакво барање се содржи во писмо до високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и е потпишано од австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил од името на Австрија и останатите земји.
Засега не е познато кои се точно останатите земји кои го потпишале предлогот.
Во писмото се наведува ова прашање да биде ставено на дневен ред на следната средба на шефовите на дипломатии од ЕУ, која ќе се одржи на 19 април во Луксембург.
OhridNews
Извор: „МИА“