Следните три дена ќе се прикажува филмот Не е крај, а за во месец октомври предвидени се проекции на филмовите “Уро”, “Снег”, ” Романсата на Астреа”, ” Солдат” и ” Стапица”.
Почетокот на проекциите на филмовите од европска продукција е во 18 часот, а влезот е 50 денари.
Ќе се прикажуваат на ново филмско платно кое Центарот го има обезбедено со средства од Министерството за култура, со цел подобрување на квалитетот на филмските проекции.