Европската зелена партија изрази загриженост поради состојбата во Македонија, порачувајќи и на власта и на безбедносите сили во земјата целосно да ги почитуваат правата на опозицијата и на граѓаните кои мирно го изразуваат своето незадоволство, пренесува „Макфакс“.
„На македонските граѓани мора да им биде овозможено без никаква опасност да можат да ги изразат своите основни права на слобода на говор и собирање на демонстрации. Исто така се надеваме дека демонстрациите ќе останат мирни. Исто така сме против тврдењата на Русија во врска со македонската опозиција“, изјави копретседавачот на Европската зелена партија, Рајнхард Бутикофер.
„Македонскиот премиер Никола Груевски не смее да продолжи по старо и да ги игнорира ужасните настави во Куманово, како и обвинувањата од опозицијата. Треба да има целосно независна истрага и соработка од безбедносните сили во Куманово кои доведоа до жртви. Понатаму, владата на Груевски е одговорна за прислушувањето и мора да одговори кон обвинувањата за злоупотреба на моќта и манипулации со изборите. Исто така владата мора веднаш да пр ифати независна истрага околу обвинувањата или пак да се повлече“, стои во соопштението од Европската зелена партија.
Бутикофер исто така порачува дека „ЕУ премногу долго ги гледаше авторитарните тенденции на македонската влада и зголемените тензии, и сега таа мора да направи притисок врз владата на Груевски да прифати независна истрага и да преговара со опозицијата за да го реши овој длабок конфликт кој се заканува да ја дестабилизира земјата, па дури и целиот регион на еден опасен начин“.
OhridNews
извор:„Макфакс“