Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници организираше завршен настан од Европската недела на спортот на Кеј Македонија во Охрид.
Во рамки на настанот беа организирани рекреативни спортски активности за посетителите и учесниците од различни дисциплини , полигон за сите возрасти, ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, карате.
Охрид денес имаше уште една исклучителна можност да ужива и да се забавува во рамки на уникатиот спортски настан „Те предизвикувам да бидеш активен” , истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Тој додаде дека со овој тип на настани се испраќа силна порака за за афирмација на спортските дисциплини и промоција на здравите животни навики. Во текот на изминативе денови активности беа спроведени во повеќе градови низ државава.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com