Според овие измени, растојанието за три поени ќе се премести од 6,75 на 7,25 метри. По офанзивен скок екипите ќе добиваат 14 секунди за новиот напад, а техничката грешка наместо досегашните две ќе носи само едно слободно фрлање и топка од страна.
Во последните две минути од натпреварот во бонус ќе се влегува со два прекршока (актуелно е во бонус да се оди со петтиот фаул во четвртината).
Ќе има промена и во должината и ширина на теренот, а при „мртва топка“ наместо сегашното наизменично изведување од страна, се враќа судиското потфрлување.
Новите правила во Европската кошарка би требало да започнат да се применуваат следната сезона, а официјална потврда за тоа треба да се донесе на состанокот на челниците на ФИБА викендов во Сингапур.