Европската комисија препорача старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ
14.10.09 13:38
Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, соопшти еврокомесарот за проширување Оли Рен на денешната прес – конференција во Брисел на која го презентира Извештајот за напредокот на земјата за 2009 година.
– Сега можеме да препорачаме отворање на преговори за членство со ПЈРМ. Земјата оствари уверлив напредок и суштински се осврна на клучните реформски приоритети коишто во нивниот жаргон се нарекуваат 8 плус 1 одредница. Комисијата смета дека земјата ги задоволува критериумите од Копенхаген и овие елементи овозможија да препорача препоговори за членство. Верувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик и охрабрување конечно да го разреши прашањето за името кое што е тука веќе 18 години, рече Рен.
Одржувањето на добрососедските односи вклучително и преговорите за меѓусебно прифатливо решение за името под закрила на ОН, посочи Рен, останува од суштинска важност.
Конечната одлука дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори ќе ја донесе Советот на ЕУ во декември. Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ во декември 2005 година.
По објавувањето на позитивната вест, поголем број автомобили со развеани македонски знамиња поминаа низ улиците на Охрид.
На повеќе локации во поширокото градско подрачје мапирани се 11 диви депонии, каде несовесни граѓани на несоодветен начин го депонирале отпадот и со својот деструктивен чин ја загрозиле околината, ...
Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се инф...
Релативно е стабилна состојбата на хоспитализираните пациенти од несреќата во Кочани кои се сместени во болниците во Македонија и во болниците надвор од државава, рече на денешната прес конференциј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.