Европската Комисија во моментов нема да врши надворешната експертиза во содржината на која било поединечна кривична постапка во Република Македонија. Ова било наведено во одговорот од Европската Комисија на барањето за испраќање меѓународни експерти кои би биле во тек со предметите што ги води обвинителството во врска со последните актуелни случувања.

Според информацијата од Јавното обвинителство на Република Македонија во дописот пишувало дека единствено надлежно тело да ја цени објективноста или транспарентноста на активностите на јавните обвинители е судот од прва инстанца и во случај на жалба апелациониот суд. 

-Иако јавното обвинителство има капацитети и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак ја поканивме Европската Комисија преку свои претставници, а во интерес на јавноста и заради намалување на сомнежите за објективноста во постапувањето, да сведочи за транспарентноста и објективноста во работата на јавните обвинители. Ценејќи ги домашните закони и европските стандарди, а во насока на намалување на сомневањата во јавноста, јавното обвинителство и натаму ќе продолжи со транспарентноста и подготвеноста за соработка со сите релевантни фактори, пишува во соопштението од Јавното обвинителство.

OhridNews

 

 
Јавното обвинителство повторно ја искажува својата отвореност и покана за меѓународни експерти од ЕУ. Ценејќи ги домашните закони и европските стандарди, а во насока на намалување на сомневањата во јавноста, јавното обвинителство и натаму ќе продолжи со транспарентноста и подготвеноста за соработка со сите релевантни фактори.