Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ вчера го усвоие заштитниот механизам кој овозможува времено воведување на визи за земјите кои ја злоупотребуваат визната либерализација, јавува „24 Вести“.
Како што пишува овој медиум, со ова и се овозможува на Европската Комисија на барање на една или повеќе земи членки да воведе повторно визи, во траење од шест месеци, со можност за продолжување за уште толку.
Инаку, Македонија по Србија е една од земјите со најголем број баратели на азил во ЕУ.
извор:„24 Вести“