Европската комисија (ЕК) денеска ја одобри вакцината Имванекс против вирусот на мајмунски сипаници во Европската Унија (ЕУ), и употребата ја прошири и во Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, јави ДПА.

Претходно, вакцината беше одобрена на ниво на ЕУ за заштита на возрасни лица од морбили. ЕК неодамна соопшти за два договора за купување вкупно 163.620 дози од вакцината на Баваријан Нордик. ЕУ купи 110.000 во јуни, со тоа што 25.000 се веќе дистрибуирани во шест земји членки.

Унијата ги засилува плановите за јавното здравје за справување со вирусот, како што Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи избивањето на мајмунски сипаници во над 50 земји, за „вонредна состојба од меѓународна загриженост“.

Прогласувањето вонредна состојба е највисокиот аларм на СЗО за здравствени закани, но, нема непосредни последици. Целта е да се алармираат властите за да преземат дејствија со што ќе го заштитат своето население.

Медицински лица тврдат дека се чини оти појавувањето на сипаниците е најмногу кај машките лица кои имале хомосексуален однос, но, секој може да се зарази. Болеста што се лечи, е карактеристична по осипот што наликува на мозолчиња или плускавци. Вообичаено лезиите прво се појавуваат на лицето, за потоа да се формираат и на други делови од телото.

OhridNews