Една од најдобрите европски претстави во моментов, „Тесла електроник компани“, која говори за животот на научниот гениј Никола Тесла словенечкиот „Улисис“ театар вечерва ќе ја изведе на Охридско лето.
Режијата е на Томаж Пандур, а во една од главните улоги и покрај најавите нема да настапи Раде Шербеџија поради обвски во САД.
Ако Никола Тесла беше предвесник на модерната технологија, тогаш Томаж Пандур и неговиот најнов театарски проект го најавуваат театарот на Новиот милениум, ќе рече европската критика.
Претстава ќе биде изведена на сцената на Античкиот театар со почеток во 22 часот.
Нешто порано во 19:30ч. во дирекцијата на фестивалот Охридско лето ќе биде отворена изложбата на примариус д-р Лазар Коњаноски, фотограф од Охрид.
Ohridnews