Европската агенција за лекови (EMA) во петокот соопшти дека ќе препорача суспензија на лекот тетразепам, по предупредувањето на француската агенција за безбедност на лековите за потенцијални тешки нуспојави на лекот кој се користи во терапии за опуштање на мускулни грчеви.

Комисијата за проценка на опасно дејство на лековите препорача привремено да се повлече од продажба и употреба лековите кои содржат тетразепам, откако Франција објави дека ќе врши повторно испитување.

Француската агенција наложи повторно да се испита колкав е размерот од ползата и ризикот кај пациентите под терапија со тетразепамот.

OhridNews
извор:„Макфакс“