Завршниот настан од Европската недела на спортот под слоганот “Те предизвикувам да бидеш активен” во  Охрид ќе се одржи во сабота на 02.10.202, со почетокво 12 часот, на кејот.

Агенцијата за млади и спорт заедно со локалните клубови, амбасадори и национални спортски федерации, како и спортски работници, ве поканува да дојдете да се рекреирате во Охрид додека се дружиме, забавуваме и сме физички активни. Во текот на денот, сите игри од различни спортови ќе бидат достапни, од полигон за сите возрасти, до ракомет, кошарка, фудбал, пилатес, а можеби и рекреативни активности за спортови на вода. Со толку многу различни спортови и голема разновидност на поединци, ќе го прославиме крајот на Европската недела на спортот и ќе собереме сила да продолжиме да го подобруваме и промовираме спортот за сите во Северна Македонија, велат од Агенцијата за млади и спорт.

Во текот на изминативе денови активности беа спроведени во повеќе градови низ државава. Агенцијата за млади и спорт изминатите години е носител на овој проект во кои традиционално учествуваа многу деца, млади, но и повозрасни лица.

OhridNews