Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, британскиот европратеник Ричард Ховит, отворено упати апел до Советот на унијата да одреди датум за почеток на преговорите за влез на земјава во ЕУ.

Ховит во најновата резолуција за напредок на Македонија во изминатата година, повикот го упати до претставниците на Европската Унија, со порака да нема дополнителни одложувања во процесот.

Тој потенцира дека заклучоците на Европскиот совет, ги смета за вистински чекор на патотот кон унијата. По последниот извештај на ЕУ, донесувањето на временски ограниченото решение до јуни оваа година, беше едногласно подржано.

OhridNews