Глобалниот кибернетички напад во петокот погоди над 200.000 луѓе во најмалку 150 земји, рече во недела директорот на Европол, додавајќи дека бројката може да биде и поголема кога луѓето во понеделник ќе се вратат на работа. Роб Веинврајт рече за ИТВ дека тој напад е специфичен по тоа што уценувачкиот софтвер е користен во комбинација со таканаречениот црв, така што заразата се ширела автоматски.

„Глобалните дострели се незапаметени. Последните податоци говорат за преку 200.000 жртви во најмалку 150 земји, а меѓу тие жртви многу ќе бидат компании, вклучително и големи корпорации“, рече Веинврајт.

Тој уште додаде дека во овој момент бројките на нападнати системи растат и дека ќе продолжат да растат, посебно од понеделник кога луѓето ќе дојдат на работа и ќе ги вклучат компјутерите.