Во рамки на посетата на Македонија, во Охрид денеска ќе престојува европарламентарецот од Британија, Нирџ Дева.

Дева покрај работниот дел и средба со претставници на македонската влада и парламентот, ќе ги посети и културно-историските знаменитости во Охрид.

Нирџ Дева, инаку по потекло е од Шри Ланка. Тој е втор политичар од азиско потекло кој станал член на британскиот парламент во 1992 година. Седум години подоцна тој стана првиот азиец избран во Европскиот парламент и еден од неговите највлијателни членови.

Ohridnews