Европските трговци брзаат да ги наполнат складиштата со руска нафта пред да стапи на сила ембаргото за руските деривати во јануари наредната година, во услови на ограничени алтернативните извори за снабдување, посочуваат аналитичарите.
Испораките руски дизел наменет за складирање во регионот Амстердам-Ротердам-Антверпен (А-Р-А) овој месец се зголемени повеќе од двојно споредбено со октомври, рече Памела Мунгер од енергетската аналитичка компанија „Вортекс“.
На почетокот на нареднот месец стапува на сила ембаргото на ЕУ за руската нафта, а на 5 февруари ембаргото за нафтените деривати.
Европа увезува најголем дел од дизелот од Русија.
Бидејќи Европа има само неколку профитабилни алтернативни извори на снабдување на краток рок, дизелот од Русија учествуваше со 44 отсто од вкупниот европски увоз во ноември, споредено со 39 отсто во октомври.
Така, Русија сè уште е најголемиот снабдувач на дизел во Европа, иако нејзиниот удел е намален во споредба со периодот пред руската инвазија на Украина, кога таа сочинуваше повеќе од половина од европскиот увоз.
ЕУ ќе треба да обезбедува околу 500 до 600 илјади барели дизел дневно за да го замени обемот на увоз од Русија, а замената ќе дојде од САД и од областите источно од Суец, пред се од Блискиот Исток и од Индија, вели Јуџин Линдел од консултантската група „Еф-Ге-Е“.
Руската нафта со дестинација регионот А-Р-А најверојатно ќе се троши или продава брзо бидејќи нејзината цена во фјучерс-договорите со пократки периоди на испорака на берзата е повисока од онаа обезбедена преку подолотрајните договори за испорака, проценува Ларс ван Вагенинген од „Инсајтс глобал“.
Побарувачката исто така се зголеми поради тоа што Интерконтиненталната берза „ICE Futures Europe“ што управува со енергетскиот пазар преку електронско управување и е официјален издавач на котирани цени, ќе ја забрани руската нафта со ниска содржина на сулфур пред стапувањето на сила на ембаргото на ЕУ.
Од 30 ноември трговците ќе мора да докажат пред „ICE“ дека ниту една руска испорака не влегла во резервоарите за нафта во поширокиот регион А-Р-А вклучувајќи ги тука и Флешинг и Гент, а ќе се користи за испораки во јануари според однапред утврдените термински договори.
Нафтените складишта во регионот АРА ќе примаат руска гасна нафта и во декември, но ќе мора да биде преместена во други складишта без можност за испорака, според „ICE“.
Некои од поголемите берзански играчи ценат дека забраната на „ICE“ нема да има големо влијание врз пазарот, со оглед на генерално ниските нивоа на залихи на нафта и континуираниот пад на испораките.
Во јануари оваа година по пат на фјучерс-договори на „ICE“ беа испорачани 70 илјади тони нафта.
OhridNews