Охридските ракометари ги загубија речиси сите шанси за пласман на местата на табелата кои водат во Европа откако претрпеа пораз 28-23 (12-9) од Макс Струмица во осмата рунда од шампионатот.


„Гладијаторите“, пред натпреварот со струмичани судбината ја имаа во свои раце, но сега веќе ништо не зависи од нив и од нивните резултати.

По седмиот пораз во плејофот охриѓани само теорија ги носи во Европа, а таа гласи Прилеп да изгуби од Работнички и в недела од Охрид во „Билјанини Извори“.

Струмица, пак, со триумфот над Охрид обезбеди едно од местата кои водат во европските натпреварувања следната сезона.

Во победничкиот состав со десет голови се истакна екс играчот на Охрид, Борче Соколов, шест реализираше Марко Маиќ, а пет Златко Везенкоски.

Девет голови во охридска екипа постигна Дарко Павловиќ, пет Малик Хогас, а по два пати прецизни беа Иван Тасески, Елдин Вражалица и Џалил Мачу.

OhridNews