Охридскиот ракометен клуб ги загуби и теоретските шанси за пласман на местата на табелата кои водат во Европа откако Прилеп во Скопје со 21-19 го совлада составот на Работнички.


Прилепските ракометари со трите бодови од дуелот со Работнички во осмата рунда од шампионатот стигна до 12-от во плејофот и направија недостижна предност од девет бодови пред охридските „гладијатори“.

Со разрешување околу екипите патници во Европа и прашањето околу титулата која му припадна на Вардар на два меча од крајот на првенството се става точка на сите возбудувања.

Неуспехот да се обезбеди пласман во Европа нема да остави белег на остварените две цели претходно со пласманот во плејофот и 1/2 финалето во Купот на Македонија.

„Гладијаторите“ в недела во 18 часот ќе го одиграат последниот меч на домашен терен сезоната, а противник ќе им биде составот на Прилеп.

OhridNews