Европа сериозно и замерува на Македонија на мерките за стимулирање на авиокомпаниите да ги користат Охридскиот и аеродромот во Скопје.

Како што е познато, Управата за цивилна воздушна пловидба, годинава ги намали цените на услугите на аеродромот во Охрид за 27%, а на скопскиот за 17, со што тие стануваа најевтини во регионот. Исто така предвидени се и дополнителни попусти за нови авио-дестинации, како и за летови кои заради лоши временски услови ќе се пренасочуваат од скопскиот на охридскиот аеродром, како и 100% попуст за организирани летови за туристи со нивно сместување, на охридскиот аеродром.

Според експертите од Европската Комисија, Македонија ја нарушува конкуренцијата во авиосообраќајот со давањето бесплатни аеродромски услуги за чартер летовите и со големиот попуст за авиокомпаниите што ќе отворат нова авио линија од скопскиот или од охридскиот аеродром.

Мерките за стимулирање на авиосообраќајот не го зголемија прометот на аеродромот во Охрид кој и натаму многу заостанува по бројот на летови зад скопскиот. Покрај тоа нив сега ги оспорува и Европската комисија, што сериозно ја наметнува потребата од редефинирање на мерките за привлекување на авиокомпаниите да го користат охридското воздушно пристаниште.