Европските милијардери во просек поседуваат богатство вредно 5,7 милијарди долари и се поимотни од најбогатите граѓани на Америка и Азија, открива истражувањето на швајцарската банка UBS. Просечниот имот на американските милијардери изнесува 4,5 милијарди долари, а на оние од Азија 3,2 милијарди, навеле претставниците на оваа банка на денешната прес конференција во Цирих.

 

Богатството на европските милијардери воглавно потекнува од активности во индустрискиот сектор, кај 50 проценти од нив, додека таа стапка кај азиските милијардери е најниска и изнесува 20 проценти. Што се однеува на САД, голем број од нивните милијардери, 30 проценти, богатството го стекнале бавејќи се со работи во финансискиот секор. Истражувањето исто така открива дека милијардерите од Азија се најмлади, па просечната старост кај нив изнесува 57 години, и во просек се 10 години помлади од европските и американските ултра богати луѓе.